не-

Претставка

Значење на не-:

Претставка со значење:

Оригинални податоци:

не- Претставка со значење: 1. Во именки и придавки го негира тоа што го означува зборот или определено негово значење: непријател, недругар, недомаќин, нечовек, неважен, недраг, незадоволен, неженет. 2. Изразува намален степен на качеството на придавката: недобар, нездрав, незрел, неправ, неубав. 3. Внесува значење на неопределеност кај заменски зборови и прилози: некој, нешто, некаков, некаде, некако. 4. Внесува спротивно значење кај глаголски именки: недоаѓање, неврзување, непостоење, неразбирање.