неарен
Разговорен збор, израз.
Значење на неарен:
1. Што не е арен, што не е добар; лош. Неарна работа. Неарен однос. Неарна шега.
2. Болникав, слаб со здравјето. Не дојде на работа, бил нешто неарен.
Членувана форма: неарниот.
Изведени зборови:
- неарно, прил. 1. Неарно стори што се скара со него. 2. Наеднаш ми стана неарно. Се чувствувам неарно.
Оригинални податоци:
неарен, неарниот прид. (разг.) 1. Што не е арен, што не е добар; лош. Неарна работа. Неарен однос. Неарна шега. 2. Болникав, слаб со здравјето. Не дојде на работа, бил нешто неарен. ‖ неарно прил. 1. Неарно стори што се скара со него. 2. Наеднаш ми стана неарно. Се чувствувам неарно.