небо
Значење на небо:
1. Атмосферскиот и вселенскиот простор што се гледа од Земјата во вид на свод. Ведро небо. Сино небо. Ѕвездено небо.
2. (рел.) Во религиозните претстави – просторот, местото каде што се наоѓаат Бог и божјите суштества.
Множина: неба.
Алтернативно: небеса
Фразеолошки израз / поговорка:
Вишно небо – многу високо. Ни на небо ни на земја – несигурно, неверојатно. Како да паднал од небо – изненаден, зачуден; што не знае, не разбира. Чека да му падне од небо – не работи, не се труди. Под ведро небо – на отворено, без покрив над главата. Го крева до небо – премногу го фали.
Оригинални податоци:
небо, мн. неба и небеса ср. 1. Атмосферскиот и вселенскиот простор што се гледа од Земјата во вид на свод. Ведро небо. Сино небо. Ѕвездено небо. 2. (рел.) Во религиозните претстави – просторот, местото каде што се наоѓаат Бог и божјите суштества. ◊ Вишно небо – многу високо. Ни на небо ни на земја – несигурно, неверојатно. Како да паднал од небо – изненаден, зачуден; што не знае, не разбира. Чека да му падне од небо – не работи, не се труди. Под ведро небо – на отворено, без покрив над главата. Го крева до небо – премногу го фали.