неброен
Значење на неброен:
1. Што не е изброен. Му ги даде парите неброени.
2. Што е во многу голем број, безброен. Бил на печалба и спечалил пари неброени. Поминаа неброени денови, а него го нема да се врати.
Членувана форма: неброениот.
Изведени зборови:
- неброено, прил. Кон значењето 2. Во војните гинат неброено многу невини луѓе. Неброено пати сум му рекол, ама тој не разбира.
- неброеност, и. ж.
Оригинални податоци:
неброен, неброениот прид. 1. Што не е изброен. Му ги даде парите неброени. 2. Што е во многу голем број, безброен. Бил на печалба и спечалил пари неброени. Поминаа неброени денови, а него го нема да се врати. ‖ неброено прил. Кон значењето 2. Во војните гинат неброено многу невини луѓе. Неброено пати сум му рекол, ама тој не разбира. ‖ неброеност ж.