неделен

Придавка

Значење на неделен:

1. Што се однесува на денот недела, што се прави, се случува во недела. Неделен излет. Неделно попладне. Неделен ручек.

2. Што се однесува на седумте (обично на работните) денови на неделата. Неделен распоред. Неделен извештај. Неделна заработувачка.

Членувана форма: неделниот.

Изведени зборови:

  • неделно, прил. Кон значењето 2. Можеше да го посетува само еднаш неделно.

Оригинални податоци:

неделен, неделниот прид. 1. Што се однесува на денот недела, што се прави, се случува во недела. Неделен излет. Неделно попладне. Неделен ручек. 2. Што се однесува на седумте (обично на работните) денови на неделата. Неделен распоред. Неделен извештај. Неделна заработувачка. ‖ неделно прил. Кон значењето 2. Можеше да го посетува само еднаш неделно.