недоветен

Придавка

Значење на недоветен:

Што тешко ги сфаќа, ги разбира работите, што тешко се снаоѓа, не се досетува. Дојде лошо време, доста беше некој недоветен да каже нешто, па да пострадаат многумина.

Членувана форма: недоветниот.

Изведени зборови:

  • недоветност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се прави недоветен – се прави како да не знае, како да не сфаќа, како да не разбира.

Оригинални податоци:

недоветен, недоветниот прид. Што тешко ги сфаќа, ги разбира работите, што тешко се снаоѓа, не се досетува. Дојде лошо време, доста беше некој недоветен да каже нешто, па да пострадаат многумина. ◊ Се прави недоветен – се прави како да не знае, како да не сфаќа, како да не разбира. ‖ недоветност ж.