недоволен

Придавка

Значење на недоволен:

1. Што не е доволен, што го нема во доволен број, во доволно количество онолку колку што треба. Недоволен број работници. Таа храна е недоволна за сите.

2. незадоволен2.

3. Негативна оценка во системот на оценување во основното и средното образование – единица.

Членувана форма: недоволниот.

Изведени зборови:

  • недоволно, прил. Кон значењето 1. Одбраната беше недоволно убедлива.
  • недоволност, и. ж.

Оригинални податоци:

недоволен, недоволниот прид. 1. Што не е доволен, што го нема во доволен број, во доволно количество онолку колку што треба. Недоволен број работници. Таа храна е недоволна за сите. 2. в. незадоволен2. 3. Негативна оценка во системот на оценување во основното и средното образование – единица. ‖ недоволно прил. Кон значењето 1. Одбраната беше недоволно убедлива. ‖ недоволност ж.