нека

Честица

Значење на нека:

1. За изразување заповед, желба, молба, одобрување, согласување и сл. Нека влезе наредниот! Нека чукнат тапани, нека се запее, ајде да заиграме. Ако е така, нека оди во туѓина. Нека заврне малку. Остави го нека работи. Нека си стои тука. Така нека биде.

2. При благослови и во клетви. Нека ми прости Господ за зборовиве. Нека расте родот твој. Нека им се позлати куќата. Нека пукнат душманите.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нека го – остави го, добро е, не гибај го, не пречи му. Алал нека ти е! – (разг.) навистина те бидува, ти си човек на место.

Оригинални податоци:

нека чест. 1. За изразување заповед, желба, молба, одобрување, согласување и сл. Нека влезе наредниот! Нека чукнат тапани, нека се запее, ајде да заиграме. Ако е така, нека оди во туѓина. Нека заврне малку. Остави го нека работи. Нека си стои тука. Така нека биде. 2. При благослови и во клетви. Нека ми прости Господ за зборовиве. Нека расте родот твој. Нека им се позлати куќата. Нека пукнат душманите. ◊ Нека го – остави го, добро е, не гибај го, не пречи му. Алал нека ти е! – (разг.) навистина те бидува, ти си човек на место.