некаков

Придавка, Заменска придавка

Значење на некаков:

1. Неопределено каков. Некакви луѓе дошле во селото. Се скарале за некакви пари. Почувствува некаква возбуда. Треба да има некакво решение. Бара да добие некаква работа.

2. Што нема соодветна вредност, што не вреди многу. И тоа било некаква плата. Се запознал со некаков писател.

Членувана форма: некаквиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Некаков си – потсилена неопределеност или потсилена нијанса на пренебрегнување.

Оригинални податоци:

некаков, некаквиот зам. прид. 1. Неопределено каков. Некакви луѓе дошле во селото. Се скарале за некакви пари. Почувствува некаква возбуда. Треба да има некакво решение. Бара да добие некаква работа. 2. Што нема соодветна вредност, што не вреди многу. И тоа било некаква плата. Се запознал со некаков писател. ◊ Некаков си – потсилена неопределеност или потсилена нијанса на пренебрегнување.