нема 1

Глагол, несвршен

Безличен глагол.

Значење на нема:

1. Не суштествува, не посои, не се наоѓа воопшто. На островот нема луѓе. Во селото нема училиште. Таков лек нема. Нема причина за страв.

2. Не е присутен, не е на местото каде што се очекува, недостига. Го нема на работа. Ја нема дома. Колата му ја немало. Овде нема еден дел.

3. Во состав со да и глагол образува негирано идно, минато-идно и идно прекажано време. Нема да дојде. Нема да купат. Немаше да одат. Немаше да се согласи. Немало да го продолжи учењето. Немало да се вратат.

4. Со глаголска именка – нема одење и др. кога се отфрла (се забранува, се одлага и сл.) вршењето на глаголското дејство што го означува таа. Нема јадење сега, прво да доработиме. Таму нема одење. Доста е, повеќе нема играње. Ќе играме, ама нема лутење.

Конјугација: немало, немаше .

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема што – така е, тоа сигурно е така (кога се потврдува претходно кажаното). Нема зошто – куртоазен одговор кога некој се заблагодарува. Нема врска – (разг., жарг.) не е важно, како било; тоа нема никаква смисла. Нема грешка – (разг.) одлично, сè е во ред, сè е како што треба направено, замислено итн. Нема чаре – нема друг излез, друго решение, така мора да биде. Нема шега – тоа е сериозна работа, не е за шегување, тој е опасен, со него не можеш да се шегуваш (според контекстот). Да те нема! – (грубо) бегај одовде, чисти се. Збор да нема – категорично одбивање, негирање или категорично одобрување, прифаќање (според контекстот). Нема што нема – има сè и сешто, има по секаков избор. Го нема мајсторот – (разг.) нема ништо од тоа, не сум јас тој што ќе се согласи на тоа (при одбивање, неприфаќање на некоја понуда и сл.).

Оригинални податоци:

нема1, немаше; немало безл. несв. 1. Не суштествува, не посои, не се наоѓа воопшто. На островот нема луѓе. Во селото нема училиште. Таков лек нема. Нема причина за страв. 2. Не е присутен, не е на местото каде што се очекува, недостига. Го нема на работа. Ја нема дома. Колата му ја немало. Овде нема еден дел. 3. Во состав со да и глагол образува негирано идно, минато-идно и идно прекажано време. Нема да дојде. Нема да купат. Немаше да одат. Немаше да се согласи. Немало да го продолжи учењето. Немало да се вратат. 4. Со глаголска именка – нема одење и др. кога се отфрла (се забранува, се одлага и сл.) вршењето на глаголското дејство што го означува таа. Нема јадење сега, прво да доработиме. Таму нема одење. Доста е, повеќе нема играње. Ќе играме, ама нема лутење. ◊ Нема што – така е, тоа сигурно е така (кога се потврдува претходно кажаното). Нема зошто – куртоазен одговор кога некој се заблагодарува. Нема врска – (разг., жарг.) не е важно, како било; тоа нема никаква смисла. Нема грешка – (разг.) одлично, сè е во ред, сè е како што треба направено, замислено итн. Нема чаре – нема друг излез, друго решение, така мора да биде. Нема шега – тоа е сериозна работа, не е за шегување, тој е опасен, со него не можеш да се шегуваш (според контекстот). Да те нема! – (грубо) бегај одовде, чисти се. Збор да нема – категорично одбивање, негирање или категорично одобрување, прифаќање (според контекстот). Нема што нема – има сè и сешто, има по секаков избор. Го нема мајсторот – (разг.) нема ништо од тоа, не сум јас тој што ќе се согласи на тоа (при одбивање, неприфаќање на некоја понуда и сл.).