нема 2

Глагол, несвршен

Значење на нема:

1. Не поседува, не располага со нешто. Немаат куќа. Немав пари. Немале ни храна ни облека.

2. Е без некој дел, му недостига нешто. Немаат крила. Немаше рака. Куќата немала прозорци.

3. Е без некого. Немам деца. Немала родители. Нема пријатели.

4. При определување возраст или количество – нема толку, со број. Нема осумнаесет години. Немаат десет килограми.

5. Со предлогот за и глаголската именка во разни состави. Немал ќерка за мажење. Немаат ништо за продавање. Немаат пари за земање.

6. Во состав со разни именки означува отсуство на означеното со именката кај лицето со кое се поврзува глаголот нема. Немам работа. Немам време. Немаме причина. Немал смелост. Немаат намера. Немав страв. Немаше трпение. Немал желба.

7. Во негираните сложени форми со глаголска придавка – немам учено, немаш учено, немавме набрано итн.

Коњугација: немаат.

Изведени зборови:

  • немање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема сметка – не се исплатува, не се добива ништо од таа работа. Нема претстава – тоа му е сосема непознато. Нема нерви – не може повеќе да поднесе нешто (некој напор, состојба и др.). Нема против – се согласува, е согласен со нешто. Нема мира – постојано нешто го мачи, го вознемирува. Нема абер – (разг.) не знае ништо за тоа. Нема поим – не знае ништо за тоа. Нема гајле – (разг.) добро, цврсто, сигурно е. Нема гајле, тоа ќе издржи уште толку. Немај гајле – (разг.) не грижи се, биди без грижа за нешто. Немај гајле, јас ќе го уредам тоа.

Оригинални податоци:

нема2, немаат несв. 1. Не поседува, не располага со нешто. Немаат куќа. Немав пари. Немале ни храна ни облека. 2. Е без некој дел, му недостига нешто. Немаат крила. Немаше рака. Куќата немала прозорци. 3. Е без некого. Немам деца. Немала родители. Нема пријатели. 4. При определување возраст или количество – нема толку, со број. Нема осумнаесет години. Немаат десет килограми. 5. Со предлогот за и глаголската именка во разни состави. Немал ќерка за мажење. Немаат ништо за продавање. Немаат пари за земање. 6. Во состав со разни именки означува отсуство на означеното со именката кај лицето со кое се поврзува глаголот нема. Немам работа. Немам време. Немаме причина. Немал смелост. Немаат намера. Немав страв. Немаше трпение. Немал желба. 7. Во негираните сложени форми со глаголска придавка – немам учено, немаш учено, немавме набрано итн. ◊ Нема сметка – не се исплатува, не се добива ништо од таа работа. Нема претстава – тоа му е сосема непознато. Нема нерви – не може повеќе да поднесе нешто (некој напор, состојба и др.). Нема против – се согласува, е согласен со нешто. Нема мира – постојано нешто го мачи, го вознемирува. Нема абер – (разг.) не знае ништо за тоа. Нема поим – не знае ништо за тоа. Нема гајле – (разг.) добро, цврсто, сигурно е. Нема гајле, тоа ќе издржи уште толку. Немај гајле – (разг.) не грижи се, биди без грижа за нешто. Немај гајле, јас ќе го уредам тоа. ‖ глаг. им. немање ср.