немилосрден

Придавка

Значење на немилосрден:

Што не е милосрден; жесток, суров, безмилосен. Немилосрден ограбувач. Немилосрдна осуда.

Членувана форма: немилосрдниот.

Изведени зборови:

  • немилосрдно, прил. Немилосрдно ја исекоа шумата.
  • немилосрдност, и. ж.

Оригинални податоци:

немилосрден, немилосрдниот прид. Што не е милосрден; жесток, суров, безмилосен. Немилосрден ограбувач. Немилосрдна осуда. ‖ немилосрдно прил. Немилосрдно ја исекоа шумата. ‖ немилосрдност ж.