немој
Значење на немој:
1. За изразување забрана – не прави го тоа. Сакаш да ги скарам? – Немој. Немој, не фаќај. Немојте така! Аман, немојте!
2. Во состав на одречна форма на заповедниот начин обично од несвршен глагол. Немој да викаш. Немој да викате. Немојте да викате. Немој да се извалкаш.
Множина: немојте.
Оригинални податоци:
немој, мн. немојте чест. 1. За изразување забрана – не прави го тоа. Сакаш да ги скарам? – Немој. Немој, не фаќај. Немојте така! Аман, немојте! 2. Во состав на одречна форма на заповедниот начин обично од несвршен глагол. Немој да викаш. Немој да викате. Немојте да викате. Немој да се извалкаш.