неопределен

Придавка

Значење на неопределен:

1. Што не е определен, што не е точно установен во некој однос (по време, количество, боја и др.). Неопределен рок. Неопределена тежина. Неопределена форма. Неопределена далечина.

2. (грам.) а) Кај именските зборови: неопределена форма – форма без членска наставка: човек, нова облека, моја книга итн. б) Кај глаголите: минато неопределено време – сложена глаголска форма која означува минато дејство, неопределено во однос на моментот на одвивањето.

Членувана форма: неопределениот.

Изведени зборови:

  • неопределеност, и. ж.

Оригинални податоци:

неопределен, неопределениот прид. 1. Што не е определен, што не е точно установен во некој однос (по време, количество, боја и др.). Неопределен рок. Неопределена тежина. Неопределена форма. Неопределена далечина. 2. (грам.) а) Кај именските зборови: неопределена форма – форма без членска наставка: човек, нова облека, моја книга итн. б) Кај глаголите: минато неопределено време – сложена глаголска форма која означува минато дејство, неопределено во однос на моментот на одвивањето. ‖ неопределеност ж.