непосреден
Значење на непосреден:
1. Што се остварува, се случува без посредување; директен. Непосредна врска. Непосредно влијание. Непосреден учесник.
2. Пресретлив, едноставен во односот со луѓето. Тој беше многу непосреден.
Членувана форма: непосредниот.
Изведени зборови:
- непосредно, прил. Непосредно учествувал во подготовките.
- непосредност, и. ж.
Оригинални податоци:
непосреден, непосредниот прид. 1. Што се остварува, се случува без посредување; директен. Непосредна врска. Непосредно влијание. Непосреден учесник. 2. Пресретлив, едноставен во односот со луѓето. Тој беше многу непосреден. ‖ непосредно прил. Непосредно учествувал во подготовките. ‖ непосредност ж.