нерв
Значење на нерв:
1. Секој од влакнестите органи кои се разгрануваат од главниот и од 'рбетниот мозок кон периферијата на организмот и ги примаат и пренесуваат дразбите од надворешната средина. Очен нерв.
2. (само мн.) Целокупниот нервен систем што ги управува и ги координира дејностите на организмот. Слаби нерви. Напнати нерви. Попуштени нерви.
3. Жилички на лист на растение.
Множина: нерва, нерви.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има нерв (за нешто) – има чувство, осет. Изгуби нерви – силно се изнервира, не може да се совлада. Има (нема) нерви – има (нема) цврсти нерви, може (не може) да владее со себе, да се контролира. Кине нерви – прави нешто што предизвикува нервоза. Нејќе да си ги кине нервите со тебе. Оди на нерви (некому) – нервира, предизвикува нервоза.
Оригинални податоци:
нерв, мн. нерви, избр. мн. нерва м. 1. Секој од влакнестите органи кои се разгрануваат од главниот и од 'рбетниот мозок кон периферијата на организмот и ги примаат и пренесуваат дразбите од надворешната средина. Очен нерв. 2. (само мн.) Целокупниот нервен систем што ги управува и ги координира дејностите на организмот. Слаби нерви. Напнати нерви. Попуштени нерви. 3. Жилички на лист на растение. ◊ Има нерв (за нешто) – има чувство, осет. Изгуби нерви – силно се изнервира, не може да се совлада. Има (нема) нерви – има (нема) цврсти нерви, може (не може) да владее со себе, да се контролира. Кине нерви – прави нешто што предизвикува нервоза. Нејќе да си ги кине нервите со тебе. Оди на нерви (некому) – нервира, предизвикува нервоза.