нервен
Значење на нервен:
1. Што е составен од нерви, што се однесува на нерви. Нервен систем. Нервен напад. Нервен слом.
2. Што има слаби нерви, што лесно се возбудува; нервозен. Нервен човек.
3. (разг.) Лекар за нервни болести; невролог.
Членувана форма: нервниот.
Оригинални податоци:
нервен, нервниот прид. 1. Што е составен од нерви, што се однесува на нерви. Нервен систем. Нервен напад. Нервен слом. 2. Што има слаби нерви, што лесно се возбудува; сп. нервозен. Нервен човек. 3. (разг.) Лекар за нервни болести; невролог.