нешто 3

Прилог

Значење на нешто:

1. Некако, на некој начин, поради нешто. Нешто никако не можам да разберам што сака да каже со тоа. Да не сум ти нешто слуга така да ми зборуваш. Нешто си ми блед? Како да беше нешто налутен. Да не нешто мајка ѝ не ја пушта?

2. За мера: и нешто – малку над; без нешто – малку под. Сега е два часот и нешто. Беше три часот без нешто. Еден литар и нешто. Два литри без нешто. Три кила и нешто. Две кила без нешто.

Фразеолошки израз / поговорка:

Од ништо нешто – од мала, неважна работа дошло до сериозни последици, до голем резултат, успех (според контекстот). Од него ќе биде нешто – влева надеж дека ќе успее во животот.

Оригинални податоци:

нешто3 прил. 1. Некако, на некој начин, поради нешто. Нешто никако не можам да разберам што сака да каже со тоа. Да не сум ти нешто слуга така да ми зборуваш. Нешто си ми блед? Како да беше нешто налутен. Да не нешто мајка ѝ не ја пушта? 2. За мера: и нешто – малку над; без нешто – малку под. Сега е два часот и нешто. Беше три часот без нешто. Еден литар и нешто. Два литри без нешто. Три кила и нешто. Две кила без нешто. ◊ Од ништо нешто – од мала, неважна работа дошло до сериозни последици, до голем резултат, успех (според контекстот). Од него ќе биде нешто – влева надеж дека ќе успее во животот.