нескротлив
Значење на нескротлив:
1. Што не може да се скроти, да биде скротен, што останал див. Нескротливо животно. Нескротлив лав.
2. Што е многу жив, буен, што не може да се смири, да подлегне на промена, определени обврски, норми, барања. Нескротлив темперамент. Нескротлива младост. Нескротлива природа. Нескротлива река. Нескротлива енергија.
Членувана форма: нескротливиот.
Изведени зборови:
- нескротливост, и. ж.
Оригинални податоци:
нескротлив, нескротливиот прид. 1. Што не може да се скроти, да биде скротен, што останал див. Нескротливо животно. Нескротлив лав. 2. Што е многу жив, буен, што не може да се смири, да подлегне на промена, определени обврски, норми, барања. Нескротлив темперамент. Нескротлива младост. Нескротлива природа. Нескротлива река. Нескротлива енергија. ‖ нескротливост ж.