несреќа

Именка, женски род

Значење на несреќа:

Лош настан, лоша случка, голема, тешка загуба. Сообраќајна несреќа. Авионска несреќа. Алкохолизмот е голема несреќа во семејството.

Множина: несреќи.

Фразеолошки израз / поговорка:

За несреќа – воведен израз во реченица за изразување жалење, сожалување. За несреќа, таму немало никој да им помогне.

Оригинални податоци:

несреќа, мн. несреќи ж. Лош настан, лоша случка, голема, тешка загуба. Сообраќајна несреќа. Авионска несреќа. Алкохолизмот е голема несреќа во семејството. ◊ За несреќа – воведен израз во реченица за изразување жалење, сожалување. За несреќа, таму немало никој да им помогне.