несвршен
Значење на несвршен:
1. Што не е свршен, завршен. Несвршена работа.
2. (грам.) За глагол, глаголско време – што означува дејство во одвивање, незавршено дејство. Несвршен глагол. Минато несвршено време.
Членувана форма: несвршениот.
Изведени зборови:
- несвршеност, и. ж.
Оригинални податоци:
несвршен, несвршениот прид. 1. Што не е свршен, завршен. Несвршена работа. 2. (грам.) За глагол, глаголско време – што означува дејство во одвивање, незавршено дејство. Несвршен глагол. Минато несвршено време. ‖ несвршеност ж.