нетрпелив

Придавка

Значење на нетрпелив:

Што не е трпелив, што нема, што не покажува трпеливост. Нетрпелив човек. Нетрпелива публика.

Членувана форма: нетрпеливиот.

Изведени зборови:

  • нетрпеливо, прил. Нетрпеливо се распрашува.
  • нетрпеливост, и. ж. 1. Особина на тој што е нетрпелив. 2. Нетрпелив однос кон некого, кон нешто. Верска нетрпеливост.

Оригинални податоци:

нетрпелив, нетрпеливиот прид. Што не е трпелив, што нема, што не покажува трпеливост. Нетрпелив човек. Нетрпелива публика. ‖ нетрпеливо прил. Нетрпеливо се распрашува. ‖ нетрпеливост ж. 1. Особина на тој што е нетрпелив. 2. Нетрпелив однос кон некого, кон нешто. Верска нетрпеливост.