неумолив

Придавка

Значење на неумолив:

1. Што не може да се придобие со молење, да се измоли за нешто. Неумолив судија. неумолив раководител.

2. Што не може да се спречи, да се измени од природниот тек. Неумолива стихија. Неумолива судбина. Неумолива смрт. Неумоливи закони на природата.

Членувана форма: неумоливиот.

Изведени зборови:

  • неумоливост, и. ж.

Оригинални податоци:

неумолив, неумоливиот прид. 1. Што не може да се придобие со молење, да се измоли за нешто. Неумолив судија. неумолив раководител. 2. Што не може да се спречи, да се измени од природниот тек. Неумолива стихија. Неумолива судбина. Неумолива смрт. Неумоливи закони на природата. ‖ неумоливост ж.