неутрален
Значење на неутрален:
1. Што не се определува за ниедна страна (во спор, во војна и др.). Неутрален набљудувач. Неутрална држава.
2. (хем.) Што не дава ни базична, ни кисела реакција. Неутрален раствор.
Членувана форма: неутралниот.
Изведени зборови:
- неутрално, прил. Се држи неутрално.
- неутралност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Неутрална зона – појас земја меѓу границите на две држави на кој ниедна не смее да има војска.
Оригинални податоци:
неутрален, неутралниот прид. 1. Што не се определува за ниедна страна (во спор, во војна и др.). Неутрален набљудувач. Неутрална држава. 2. (хем.) Што не дава ни базична, ни кисела реакција. Неутрален раствор. ◊ Неутрална зона – појас земја меѓу границите на две држави на кој ниедна не смее да има војска. ‖ неутрално прил. Се држи неутрално. ‖ неутралност ж.