неверен
Значење на неверен:
1. Што не е верен, што ја погазил верноста. Неверен маж. Неверна жена. Неверна љубов.
2. Што не е од нашата вера, што припаѓа на туѓа вера. Неверни Турци. Неверна раја.
3. Што не верува во нешто што треба да се случи, што се сомнева. Ако си ти неверен, јас верувам дека ќе дојде.
4. Невистинит, лажен. Неверни податоци.
Членувана форма: неверниот.
Изведени зборови:
- неверно, прил. Кон значењето 4. Тоа е неверно прикажано.
- неверност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Неверен Тома – за човек што тешко може да се натера да поверува во нешто, кој се сомнева.
Оригинални податоци:
неверен, неверниот прид. 1. Што не е верен, што ја погазил верноста. Неверен маж. Неверна жена. Неверна љубов. 2. Што не е од нашата вера, што припаѓа на туѓа вера. Неверни Турци. Неверна раја. 3. Што не верува во нешто што треба да се случи, што се сомнева. Ако си ти неверен, јас верувам дека ќе дојде. 4. Невистинит, лажен. Неверни податоци. ◊ Неверен Тома – за човек што тешко може да се натера да поверува во нешто, кој се сомнева. ‖ неверно прил. Кон значењето 4. Тоа е неверно прикажано. ‖ неверност ж.