невеста
Значење на невеста:
1. Девојка во деновите при стапувањето во брак. Додека ја товарат рубата, невестата се исплачува со роднините.
2. Млада мажена жена, сопруга. Старците поседнале да го гледаат селското оро и да се насладуваат на убавите моми и невести.
3. Снаа во однос на родителите и роднините на сопругот. Добра и вредна ни се погоди невестата.
Множина: невести.
Оригинални податоци:
невеста, мн. невести ж. 1. Девојка во деновите при стапувањето во брак. Додека ја товарат рубата, невестата се исплачува со роднините. 2. Млада мажена жена, сопруга. Старците поседнале да го гледаат селското оро и да се насладуваат на убавите моми и невести. 3. Снаа во однос на родителите и роднините на сопругот. Добра и вредна ни се погоди невестата.