невиден 1
Значење на невиден:
1. Што не е виден со друг, што не се видел долго со некого. Се испоздравија радосни како пријатели одамна невидени.
2. Што не е видено, што не се случило, непознат. Невиден раскош. Невидени успеси. Невидена болест. Невидена, волшебна убавина.
Членувана форма: невидениот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Чудо невидено (разг.) – за нешто обично, познато, а што се сака да се покаже како многу важно. На невидено – за тоа што се пазари, се зема без да се види. Го купи на невидено. Се договорија на невидено. Од невидено – ненадејно, неочекувано. Пред мене се најде едно дете од невидено.
Оригинални податоци:
невиден1, невидениот прид. 1. Што не е виден со друг, што не се видел долго со некого. Се испоздравија радосни како пријатели одамна невидени. 2. Што не е видено, што не се случило, непознат. Невиден раскош. Невидени успеси. Невидена болест. Невидена, волшебна убавина. ◊ Чудо невидено (разг.) – за нешто обично, познато, а што се сака да се покаже како многу важно. На невидено – за тоа што се пазари, се зема без да се види. Го купи на невидено. Се договорија на невидено. Од невидено – ненадејно, неочекувано. Пред мене се најде едно дете од невидено.