неволен 2

Придавка

Значење на неволен:

Што се прави или што се јавува без влијание, без учество на волјата; несвесно, ненамерно. На измаченото лице се покажа неволна насмевка. Чекореше по патчето обземен од неволни мисли.

Членувана форма: неволниот.

Изведени зборови:

  • неволно, прил. Неволно му подаде рака. Очите неволно му се затвораа.
  • неволност, и. ж.

Оригинални податоци:

неволен2, неволниот прид. Што се прави или што се јавува без влијание, без учество на волјата; несвесно, ненамерно. На измаченото лице се покажа неволна насмевка. Чекореше по патчето обземен од неволни мисли. ‖ неволно прил. Неволно му подаде рака. Очите неволно му се затвораа. ‖ неволност ж.