нежен
Значење на нежен:
1. Што покажува љубов, грижа; внимателен, љубезен. Нежна мајка. Нежен поглед. Нежна насмевка.
2. Што не е груб, фин, пријатен, чувствителен на допир. Нежно лице. Нежна кожа. Нежно цвеќе. Нежна ткаенина.
3. Слаб, болникав, неотпорен. Нежен организам. Нежно здравје.
Членувана форма: нежниот.
Изведени зборови:
- нежно, прил. Нежно го помилува.
- нежност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Нежен (понежен) пол – жена, жени.
Оригинални податоци:
нежен, нежниот прид. 1. Што покажува љубов, грижа; внимателен, љубезен. Нежна мајка. Нежен поглед. Нежна насмевка. 2. Што не е груб, фин, пријатен, чувствителен на допир. Нежно лице. Нежна кожа. Нежно цвеќе. Нежна ткаенина. 3. Слаб, болникав, неотпорен. Нежен организам. Нежно здравје. ◊ Нежен (понежен) пол – жена, жени. ‖ нежно прил. Нежно го помилува. ‖ нежност ж.