ни 2

Заменка

Значење на ни:

1. Кратка форма за индиректен предмет од ние; се употребува сама или заедно со долгата форма – нам ни. Многу ретко ни се јавува. Ни даде пари да купиме. Нам не ни рече ништо. Нам ни се роднини.

2. За изразување посвојно значење со именки што означуваат сродство. Ја бранеше честа на сестра ни. Дедо ни се разболел. Тетка ни си отишла.

Оригинални податоци:

ни2 зам. 1. Кратка форма за индиректен предмет од ние; се употребува сама или заедно со долгата форма – нам ни. Многу ретко ни се јавува. Ни даде пари да купиме. Нам не ни рече ништо. Нам ни се роднини. 2. За изразување посвојно значење со именки што означуваат сродство. Ја бранеше честа на сестра ни. Дедо ни се разболел. Тетка ни си отишла.