ниеден
Значење на ниеден:
1. Означува отсуство, немање на тоа што го означува именката со која доаѓа или на која се однесува. Ниеден човек не дојде. Ниеден не се согласи. Не спомена ниедно име. Ниедно друго решение не е подобро.
2. (разг., грубо) Во обрати за изразување презир, навреда, негодување. Ти ќе ме учиш, магаре ниедно.
Множина: ниедни.
Алтернативно: ниедна ниедно
Фразеолошки израз / поговорка:
Во ниедно време (доба) – се врати, си легна и др. многу доцна, кога за тоа не е време. До ниедно време (доба) – седи, работи длабоко во ноќта. Од ниедно време (доба) – многу рано.
Оригинални податоци:
ниеден, ниедна, ниедно, мн. ниедни прид. 1. Означува отсуство, немање на тоа што го означува именката со која доаѓа или на која се однесува. Ниеден човек не дојде. Ниеден не се согласи. Не спомена ниедно име. Ниедно друго решение не е подобро. 2. (разг., грубо) Во обрати за изразување презир, навреда, негодување. Ти ќе ме учиш, магаре ниедно. ◊ Во ниедно време (доба) – се врати, си легна и др. многу доцна, кога за тоа не е време. До ниедно време (доба) – седи, работи длабоко во ноќта. Од ниедно време (доба) – многу рано.