никне 1
Значење на никне:
1. Со природен развој се појави над површината. Тревата брзо никна. Му никнале заби.
2. (прен.) Се појави, се направи. Меѓу нив никнаа расправии. Од каде никна ова дете? Покрај патот никнаа нови куќи.
Коњугација: (ќе) никнеа , (ќе) никнел, (ќе) никнеше , никна , никнаа , никнал , никнат , никнат , никнете , никни .
Изведени зборови:
- никнува, глаг. несв. никнуваат
- никнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
никне1, никнат; никни, никнете; никна, никнаа; никнал; никнат; (ќе) никнеше, (ќе) никнеа; (ќе) никнел св. 1. Со природен развој се појави над површината. Тревата брзо никна. Му никнале заби. 2. (прен.) Се појави, се направи. Меѓу нив никнаа расправии. Од каде никна ова дете? Покрај патот никнаа нови куќи. ‖ никнува, никнуваат несв. ‖ глаг. им. никнување ср.