ни...ни
Спореди: ниту.
Значење на ни...ни:
За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе, за изразување разделна врска за да се потсили и да се истакне целосно одрекувањето и да се засили негирањето; ниту. Ни жени ни деца, никој не дојде. Ни играат ни пеат, ни се смеат ни плачат, ете таква беше свадбата. Ни е буден ни спие, само седнал во едно ќоше и си молчи.Фразеолошки израз / поговорка:
Ни јаде ни пие – поседувањето или постоењето на нешто не предизвикува никаков трошок. Ни пет ни шест – прави нешто без да размислува. Ни се води ни се тера – не можеш да се разбереш со него.
Оригинални податоци:
ни... ни сврз. За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе, за изразување разделна врска за да се потсили и да се истакне целосно одрекувањето и да се засили негирањето; сп. ниту... ниту. Ни жени ни деца, никој не дојде. Ни играат ни пеат, ни се смеат ни плачат, ете таква беше свадбата. Ни е буден ни спие, само седнал во едно ќоше и си молчи. ◊ Ни јаде ни пие – поседувањето или постоењето на нешто не предизвикува никаков трошок. Ни пет ни шест – прави нешто без да размислува. Ни се води ни се тера – не можеш да се разбереш со него.