ниша 2

Глагол, несвршен

Значење на ниша:

1. Движи нешто наваму-натаму, на една, на друга страна. Ветрот ги ниша гранките. Слуша и ниша со глава, потврдува.

2. Движи, рамномерно изместува нешто кое пак се враќа во претходната положба; лула. Мајката го нишаше детето во крошна. Ги нишаа децата на нишалка и им пееја песни.

Коњугација: нишаат.

Изведени зборови:

  • нишање, глаг. им. ср.
  • се ~ ниша, 1. Се движи наваму-натаму, се мрда, се поместува. Под стреата се нишаа низи суви пиперки. Кајчињата се нашаа како лушпи од ореви. Забот му се ниша. 2. Нестабилно оди. Се нишаше при одењето како пијан.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ниша нозе – ништо не работи, безделничи.

Оригинални податоци:

ниша2, нишаат несв. 1. Движи нешто наваму-натаму, на една, на друга страна. Ветрот ги ниша гранките. Слуша и ниша со глава, потврдува. 2. Движи, рамномерно изместува нешто кое пак се враќа во претходната положба; лула. Мајката го нишаше детето во крошна. Ги нишаа децата на нишалка и им пееја песни. ● се ~ 1. Се движи наваму-натаму, се мрда, се поместува. Под стреата се нишаа низи суви пиперки. Кајчињата се нашаа како лушпи од ореви. Забот му се ниша. 2. Нестабилно оди. Се нишаше при одењето како пијан. ◊ Ниша нозе – ништо не работи, безделничи. ‖ глаг. им. нишање ср.