нишан

Именка, машки род

Значење на нишан:

1. Белег, знак. Имаше некаков чуден нишан на раката.

2. Цел, предмет во кој се насочува стрелба.

3. (прен.) Тоа што е предмет на некакво дејствување. На нишан му е нивниот имот.

4. Дел, направа на пушка и др. за нишанење. Го управува погледот преку нишанот во целта.

Множина: нишани.

Изведени зборови:

  • нишански, прид. нишанскиот Нишанска направа. Нишански инструмент. Нишанска точка.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го зеде на нишан – 1. нанишани; 2. (прен.) нападне, покаже непријателство, злоба кон некого.

Оригинални податоци:

нишан, мн. нишани м. 1. Белег, знак. Имаше некаков чуден нишан на раката. 2. Цел, предмет во кој се насочува стрелба. 3. (прен.) Тоа што е предмет на некакво дејствување. На нишан му е нивниот имот. 4. Дел, направа на пушка и др. за нишанење. Го управува погледот преку нишанот во целта. ◊ Го зеде на нишан – 1. нанишани; 2. (прен.) нападне, покаже непријателство, злоба кон некого. ‖ нишански, нишанскиот прид. Нишанска направа. Нишански инструмент. Нишанска точка.