нишка 1

Именка, женски род

Значење на нишка:

1. Нешто што е тенко како конец. Сребрена нишка. Златна нишка.

2. Една жица, конец од основата во ткаењето.

3. (прен.) Нешто што поврзува, што обединува, што се провлекува како општа линија, идеја, обележје. Чувствуваа дека нишката што ги поврзуваше безнадежно се кине. Ги бараше сите оние невидливи нишки меѓу нив. Тие настани ги поврзува една заедничка нишка.

Множина: нишки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Црвена нишка – основна мисла.

Оригинални податоци:

нишка1, мн. нишки ж. 1. Нешто што е тенко како конец. Сребрена нишка. Златна нишка. 2. Една жица, конец од основата во ткаењето. 3. (прен.) Нешто што поврзува, што обединува, што се провлекува како општа линија, идеја, обележје. Чувствуваа дека нишката што ги поврзуваше безнадежно се кине. Ги бараше сите оние невидливи нишки меѓу нив. Тие настани ги поврзува една заедничка нишка. ◊ Црвена нишка – основна мисла.