ништо
Значење на ништо:
1. Ниеден предмет, ниедна појава, настан; нешто. Ништо не се скрши. Ништо не падна. Ништо не купив. Ништо не сака. Во ништо не се меша. До ништо не се допрел. За ништо не мисли. Од ништо не се плаши. Со ништо не се фали.
2. Како прил. – воопшто, ни малку. Се прави како ништо да не слуша. Што не му рекле, а тој ништо не се налутил. Тоа ништо не чини.
3. Како им. – не претставува нешто. Тој повеќе не е ништо во претпријатието. Тоа не е ништо.
4. Како одговор – не е важно, тоа е ситница. Се скршил прозорецот! – Ништо, ќе го поправиме. Многу благодарам! – Ништо.
Фразеолошки израз / поговорка:
За ништо – без причина. За ништо на светов – во никој случај, на никаков начин. И никому ништо – како да не се случило ништо (за нешто што не требало да мине без соодветни последици). Никој и ништо – безначајна, неважна личност, човек. Ништо за тоа – за тоа не грижи се, не е важно. Ништо од тоа – тоа, таа работа нема да успее. Ништо не ми (ти, му итн.) е – се чувствувам добро, ништо не ме боли. Како ништо – во секој случај, без сомневање, сигурно. Од него ништо нема да биде – тој не влева надеж, нема да успее во животот, ќе пропадне. Од ништо нешто – од малку средства добива голем резултат, од мал повод големи последици.
Оригинални податоци:
ништо зам. 1. Ниеден предмет, ниедна појава, настан; спрот. нешто. Ништо не се скрши. Ништо не падна. Ништо не купив. Ништо не сака. Во ништо не се меша. До ништо не се допрел. За ништо не мисли. Од ништо не се плаши. Со ништо не се фали. 2. Како прил. – воопшто, ни малку. Се прави како ништо да не слуша. Што не му рекле, а тој ништо не се налутил. Тоа ништо не чини. 3. Како им. – не претставува нешто. Тој повеќе не е ништо во претпријатието. Тоа не е ништо. 4. Како одговор – не е важно, тоа е ситница. Се скршил прозорецот! – Ништо, ќе го поправиме. Многу благодарам! – Ништо. ◊ За ништо – без причина. За ништо на светов – во никој случај, на никаков начин. И никому ништо – како да не се случило ништо (за нешто што не требало да мине без соодветни последици). Никој и ништо – безначајна, неважна личност, човек. Ништо за тоа – за тоа не грижи се, не е важно. Ништо од тоа – тоа, таа работа нема да успее. Ништо не ми (ти, му итн.) е – се чувствувам добро, ништо не ме боли. Како ништо – во секој случај, без сомневање, сигурно. Од него ништо нема да биде – тој не влева надеж, нема да успее во животот, ќе пропадне. Од ништо нешто – од малку средства добива голем резултат, од мал повод големи последици.