низа

Именка, женски род

Значење на низа:

1. Нанижани нешта (бисери, зрна, тутун, пиперки и др.) на конец.

2. Повеќе лица, предмети, појави и др. што се редат едно крај друго, што следуваат едно по друго. Низа луѓе веруваат во тоа. Низа акции. Низа настани. Низа податоци.

Множина: низи.

Изведени зборови:

  • ниска, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

низа, мн. низи ж. 1. Нанижани нешта (бисери, зрна, тутун, пиперки и др.) на конец. 2. Повеќе лица, предмети, појави и др. што се редат едно крај друго, што следуваат едно по друго. Низа луѓе веруваат во тоа. Низа акции. Низа настани. Низа податоци. ‖ ниска, мн. ниски ж. дем.