низок

Придавка

Значење на низок:

1. Што има мала височина, што не израснал високо или не е направен да биде висок. Низок човек. Ниско дрво. Ниска трева. Ниска куќа. Ниска ограда.

2. Што не се наоѓа на голема височина во однос на површината. Ниски гранки. Ниска стреа. Низок лет. Ниски облаци.

3. Што е под средното ниво, под просекот, што е најдолу по ранг, по степен, по квалитет и др. Ниска цена. Ниска камата. Ниска температура. Низок квалитет. Ниско образование. Ниска култура. Низок сталеж. Низок чин. Низок глас. Низок акорд.

4. (прен.) Што е неморален, подол, нечесен. Ниска постапка. Ниски побуди.

Членувана форма: нискиот.

Изведени зборови:

  • ниско, прил. Кон значењата 1. и 4.
  • нискост, и. ж. Кон значењето 4.

Фразеолошки израз / поговорка:

Падне ниско – лошо, нечесно постапи. Падне на ниски гранки – пропадне, изгуби висока позиција, се уназади. Низок удар – нечесна постапка, недозволено средство. Кој високо лета, ниско паѓа (посл.).

Оригинални податоци:

низок, нискиот прид. 1. Што има мала височина, што не израснал високо или не е направен да биде висок. Низок човек. Ниско дрво. Ниска трева. Ниска куќа. Ниска ограда. 2. Што не се наоѓа на голема височина во однос на површината. Ниски гранки. Ниска стреа. Низок лет. Ниски облаци. 3. Што е под средното ниво, под просекот, што е најдолу по ранг, по степен, по квалитет и др. Ниска цена. Ниска камата. Ниска температура. Низок квалитет. Ниско образование. Ниска култура. Низок сталеж. Низок чин. Низок глас. Низок акорд. 4. (прен.) Што е неморален, подол, нечесен. Ниска постапка. Ниски побуди. ◊ Падне ниско – лошо, нечесно постапи. Падне на ниски гранки – пропадне, изгуби висока позиција, се уназади. Низок удар – нечесна постапка, недозволено средство. Кој високо лета, ниско паѓа (посл.). ‖ ниско прил. Кон значењата 1. и 4. ‖ нискост ж. Кон значењето 4.