но 1

Сврзник

Значење на но:

Најизразит спротивен сврзник.

Оригинални податоци:

но1 сврз. сп. ами, туку, ама, меѓутоа и а. Најизразит спротивен сврзник. 1. а) За поврзување зборови и зборовни состави спротивно поставени. Полека, но сигурно... Решително, но тивко... Нежна, но здрава... Блед, но прекрасен. Богат, но несреќен... б) За поврзување реченици што се нагласено содржински спротивставени, за развивање на содржинска спротивност. Лицата им беа како осланети, но во очите носеа блесок. Јас ти го понудив мојот дом, но ти ме одби. Времињата се менија, но спомените останаа. в) Засилено противставување со појава на негација во некоја од речениците што се поврзани. Тој не ги знае нив, но знае дека се добри луѓе. Таа нема пари, но има широка душа. Мислам, но не смислувам. Ги познавам сите, но неа не ја помнам. г) но сепак. За изразување на спротивно од очекуваното, со лексички конкретизатори. Тој сакаше да замине, но сепак остана дома. Се плашеше, но сепак мораше да оди. Тој лесно заспиваше, но сепак се будеше. 2. За поврзување реченици што се содржински сопоставени, за развивање спротивна сопоставеност. Во почетокот ми беше тешко, но сега ми е сосема сеедно. Порано ги избегнуваше сите, но сега беше затворен во себе. Тука се чувствувам како дома, но таму ми е поубаво. 3. На почеток на реченица или на почеток на нов пасус во функција на спротивен сврзник со различен степен на изразување спротивност или различност. Мислата за грабнатата ќерка го измачуваше. Но, во сета таа неизвесност и потиснатост, една надежна искра внесуваше светлина. Среќата не го имала на ум и никогаш не го помагала, иако тој работел деноноќно. Но, еднаш човекот сонувал убав сон и му се сторило дека слуша некаков глас. 4. а) За поврзување зборовни состави или реченици што се надоврзуваат содржински, за изразување спротивно надоврзување. Таа се смееше, но во тоа имаше некаква иронија. Тој доби наследство, но сето тоа исчезна многу бргу. б) Со појава на некој прилог од типот најмногу. Сите страдавме, но најмногу страдаше таа. Сакаше да пее, но повеќе сакаше да пие. в) но и. За врзување на заедничка тема. Го побара со поглед, но и него го немаше. г) не само... но и. Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Тој не само што ја измами но и ја понижи пред нас. Историјата не само што нè задолжува нас но и ни дава полно право.