нога

Именка, женски род

Значење на нога:

1. Еден од деловите на телото на човекот и на животните со кој се оди. Десна и лева нога. Предни и задни нозе.

2. Долниот дел од ногата на човекот, од глуждот до прстите; стапало. Мала нога. Големи нозе. За твоите нозе тешко чевли ќе се најдат.

3. Како мера за должина, должината на стапалото.

4. ногалка.

Множина: нозе.

Фразеолошки израз / поговорка:

На нога е – 1. готов е за нешто, за дејствување; 2. не е болен во кревет, не е тешко болен. Од нога – набрзина, стоејќи. Во здрава нога трн си става – си создава непотребно непријатности. Живее на висока нога – живее во раскош, во висок стил. Му гори под нозете – се наоѓа под голем притисок, пред тежок проблем. На рамна нога (со некого) – еднаков, рамен на некого. Ниша нозе – сп. ниша2. Нозе искрши – премногу се растрча, се заложи за некого, за нешто. Нозете му се пресекоа – се исплаши, се стресе. На стаклени нозе стои (е) – има слаба, нестабилна положба, функција. Со едната нога е в гроб – се наоѓа пред умирање. Стане на левата нога – лошо расположен. Ти фатил камен ногата – принуден си на нешто, нема друг излез од создадената положба. Вранина нога – вид полско цвеќе. Волча нога – Повеќегодишна ливадска лековита билка, диво нане; Lyc

Оригинални податоци:

нога, мн. нозе ж. 1. Еден од деловите на телото на човекот и на животните со кој се оди. Десна и лева нога. Предни и задни нозе. 2. Долниот дел од ногата на човекот, од глуждот до прстите; стапало. Мала нога. Големи нозе. За твоите нозе тешко чевли ќе се најдат. 3. Како мера за должина, должината на стапалото. 4. в. ногалка. ◊ На нога е – 1. готов е за нешто, за дејствување; 2. не е болен во кревет, не е тешко болен. Од нога – набрзина, стоејќи. Во здрава нога трн си става – си создава непотребно непријатности. Живее на висока нога – живее во раскош, во висок стил. Му гори под нозете – се наоѓа под голем притисок, пред тежок проблем. На рамна нога (со некого) – еднаков, рамен на некого. Ниша нозе – сп. ниша2. Нозе искрши – премногу се растрча, се заложи за некого, за нешто. Нозете му се пресекоа – се исплаши, се стресе. На стаклени нозе стои (е) – има слаба, нестабилна положба, функција. Со едната нога е в гроб – се наоѓа пред умирање. Стане на левата нога – лошо расположен. Ти фатил камен ногата – принуден си на нешто, нема друг излез од создадената положба. Вранина нога – вид полско цвеќе. Волча нога – Повеќегодишна ливадска лековита билка, диво нане.