ноќ

Именка, женски род

Значење на ноќ:

Дел од деноноќието, од вечерта до утрото. Длабока ноќ. Немирна ноќ. Седеа долго во ноќта.

Множина: ноќи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ден и ноќ (работи) – многу долго, непрекинато. Ја прави ноќта ден – работи и ноќе. Преку ноќ – многу брзо, за многу кусо време. Добра (лека) ноќ – пожелување што се упатува навечер, пред легнување.

Оригинални податоци:

ноќ, мн. ноќи ж. Дел од деноноќието, од вечерта до утрото. Длабока ноќ. Немирна ноќ. Седеа долго во ноќта. ◊ Ден и ноќ (работи) – многу долго, непрекинато. Ја прави ноќта ден – работи и ноќе. Преку ноќ – многу брзо, за многу кусо време. Добра (лека) ноќ – пожелување што се упатува навечер, пред легнување.