нос

Именка, машки род

Значење на нос:

1. Орган на мирисот и еден од дишните органи, кој се наоѓа на средината од лицето кај човекот и на предниот дел од главата, над устата, кај животните. Грбав нос. Чпртав нос.

2. Преден дел на пловен објект или на авион, брод, чун и сл. Авионот заринкал со носот.

3. (геогр.) Продолжение на земја во вода, во езеро или во море.

Множина: носа, носови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го (ме, те итн.) влече за нос – лаже некого, ветува нешто некому а ништо не прави. Го крена носот – се направи важен. Го обеси носот – се онерасположи, се налути. Го пика носот секаде – се меша во сè, премногу е љубопитен. До нос му (ми, ти итн.) дојде – повеќе не може да го поднесе некого или нешто. Има добар нос – може, умее да насети, да предвиди. Низ нос му (ми, ти итн.) излезе тоа – го плати, го преплати. Му (ми, ти итн.) го извади (истера) тоа низ нос – принуди некого скапо да надомести, да плати нешто. Од носот подалеку не гледа – многу е ограничен. Сака сè под носот да му е – сака сè да му биде готово. Пред носот му е – пред него, до него е. Солзите му се на носот – секогаш е готов за плачење (обично за дете).

Оригинални податоци:

нос, мн. носови, избр. мн. носа м. 1. Орган на мирисот и еден од дишните органи, кој се наоѓа на средината од лицето кај човекот и на предниот дел од главата, над устата, кај животните. Грбав нос. Чпртав нос. 2. Преден дел на пловен објект или на авион, брод, чун и сл. Авионот заринкал со носот. 3. (геогр.) Продолжение на земја во вода, во езеро или во море. ◊ Го (ме, те итн.) влече за нос – лаже некого, ветува нешто некому а ништо не прави. Го крена носот – се направи важен. Го обеси носот – се онерасположи, се налути. Го пика носот секаде – се меша во сè, премногу е љубопитен. До нос му (ми, ти итн.) дојде – повеќе не може да го поднесе некого или нешто. Има добар нос – може, умее да насети, да предвиди. Низ нос му (ми, ти итн.) излезе тоа – го плати, го преплати. Му (ми, ти итн.) го извади (истера) тоа низ нос – принуди некого скапо да надомести, да плати нешто. Од носот подалеку не гледа – многу е ограничен. Сака сè под носот да му е – сака сè да му биде готово. Пред носот му е – пред него, до него е. Солзите му се на носот – секогаш е готов за плачење (обично за дете).