носи
Значење на носи:
1. Држејќи нешто, некого в рака, в раце или товарено на себе, оди за да го премести. Во едната рака носеше торба. Во рацете носеше русокосо девојче. На рамо носеа лопати. На грб носел војничка раница. Жените на глава носеа тепсии.
2. Има на себе, кај себе како облека, украс, нужен предмет, белег и сл. Носеа селска облека. Носеше црни чевли. Секогаш носеше капа. Побогатите жени носеа златни обетки. Со себе носеше малку пари. И ноќе носеше темни очила. И кога врне не носеше чадор. Носеше тенки модерни мустаќи. Од војната носеше неколку рани.
3. Со некакво средство (товарно, превозно и сл.) дотерува, довезува, е превезуван. Ранетите ги носеа на носила. Стоката ја носеа со товарен добиток и со коли. По островите вода за пиење носеа со бродови. Автобусите носеа група бегалци. Возот нè носеше на југ. Авионите секој ден носеа нови туристи.
4. Води со себе, придружува при одење, одведува, сместува некаде. Жената си ги носеше децата секаде. Наутро ги носеа децата на училиште. Детето го носи во градинка. Носеа двајца заробени во штабот. Тој ги примаше работниците и ги носеше по градилиштата. Некој му го донесе коњот што му го украдоа. По селата доаѓаа мечкари кои со себе носеа стари, грди мечки.
5. Држи, потпира; поднесува товар. Столбовите ја носат целата конструкција. Мостот го носат два столба. Лифтот носи триста килограми.
6. Снабдува, обезбедува нешто. Само тој носи некој денар дома. Таа носи леб во куќата. На работа им носат јадење. Редовно му носи храна на добитокот.
7. Дава приход, добивка. Дуќанот му носи добри пари. Лозјето не му носи ништо. Тутунот им носи колку за леб.
8. Има име, наслов и сл. Тој го носеше името на својот дедо. Не сакаше да носи никаков прекар. Некои улици носеа имиња на историски настани. Статијата носеше долг наслов.
9. Е во состојба на бременост.
10. За ветар, вода – разнесува, одвлекува. Ветрот носеше пепел и чад. Ветрот го носи гласот на камбаната. Ветрот носеше мирис на јоргован. Планинските води ја носеа пролетта. Водата носеше сè пред себе. 1Соопштува, предава, има некакво расположение, се карактеризира со нешто. Носи поздрав. Носи добра вест. Носи порака. Носи радост. Носи среќа. Носи надеж. Во себе носи тешка навреда. Носеше тага во душата. Книжевната дејност од тој период носи исклучиво црковен карактер. 12. За кокошка, птица – носи јајца (дијал.) несе.
Коњугација: носат , носеа , носев , носел , носен , носете , носи , носив , носија , носил.
Изведени зборови:
- носење, глаг. им. ср.
- се ~ носи, 1. Живее, се држи, постапува на определен начин. Тој сметаше дека секој може да се носи по свој ќеф. Во мојата куќа секој ќе се носи како што се носи нашиот народ и како што рекол Господ. Вие сте наша вера и ќе се носите како што бараат нашите закони. Одеа право, се носеа убаво со сите. 2. Се облекува според поводот, според модата. Во црква се носела многу поскромно. Сега се носат покуси фустани. Имаше големи обетки како што се носеле некогаш. 3. За глас, песна – се слуша, одекнува. Од градот се носеше замрена врева. Беше време кога само пискотници се носеа по селата. Се носи ѕвонлива смеа на насобраната младеж. 4. За мирис и сл. – се шири. Во собата се носеше остра миризба на дуњи. Во дворот се носеше миризба на липов цвет. Мирис на тутун се носеше во бранови. Низ градот се носеше реа на чад, бензин и ѓубре.
Фразеолошки израз / поговорка:
Може в уста да го носи – од него е многу подобар, поспособен. На душа го (ме, те итн.) носи – му направил голема неправда. На раце го (ме, те итн.) носи – многу се грижи, сè му угодува. Се носи со мисла – има намера, планира нешто. Може (некому) само вода да му носи – многу е подобар од лицето за кое се зборува.
Оригинални податоци:
носи, носат; носи, носете; носев, носеа; носел; носен; мин. св. носив, носија; носил несв. 1. Држејќи нешто, некого в рака, в раце или товарено на себе, оди за да го премести. Во едната рака носеше торба. Во рацете носеше русокосо девојче. На рамо носеа лопати. На грб носел војничка раница. Жените на глава носеа тепсии. 2. Има на себе, кај себе како облека, украс, нужен предмет, белег и сл. Носеа селска облека. Носеше црни чевли. Секогаш носеше капа. Побогатите жени носеа златни обетки. Со себе носеше малку пари. И ноќе носеше темни очила. И кога врне не носеше чадор. Носеше тенки модерни мустаќи. Од војната носеше неколку рани. 3. Со некакво средство (товарно, превозно и сл.) дотерува, довезува, е превезуван. Ранетите ги носеа на носила. Стоката ја носеа со товарен добиток и со коли. По островите вода за пиење носеа со бродови. Автобусите носеа група бегалци. Возот нè носеше на југ. Авионите секој ден носеа нови туристи. 4. Води со себе, придружува при одење, одведува, сместува некаде. Жената си ги носеше децата секаде. Наутро ги носеа децата на училиште. Детето го носи во градинка. Носеа двајца заробени во штабот. Тој ги примаше работниците и ги носеше по градилиштата. Некој му го донесе коњот што му го украдоа. По селата доаѓаа мечкари кои со себе носеа стари, грди мечки. 5. Држи, потпира; поднесува товар. Столбовите ја носат целата конструкција. Мостот го носат два столба. Лифтот носи триста килограми. 6. Снабдува, обезбедува нешто. Само тој носи некој денар дома. Таа носи леб во куќата. На работа им носат јадење. Редовно му носи храна на добитокот. 7. Дава приход, добивка. Дуќанот му носи добри пари. Лозјето не му носи ништо. Тутунот им носи колку за леб. 8. Има име, наслов и сл. Тој го носеше името на својот дедо. Не сакаше да носи никаков прекар. Некои улици носеа имиња на историски настани. Статијата носеше долг наслов. 9. Е во состојба на бременост. 10. За ветар, вода – разнесува, одвлекува. Ветрот носеше пепел и чад. Ветрот го носи гласот на камбаната. Ветрот носеше мирис на јоргован. Планинските води ја носеа пролетта. Водата носеше сè пред себе. 11. Соопштува, предава, има некакво расположение, се карактеризира со нешто. Носи поздрав. Носи добра вест. Носи порака. Носи радост. Носи среќа. Носи надеж. Во себе носи тешка навреда. Носеше тага во душата. Книжевната дејност од тој период носи исклучиво црковен карактер. 12. За кокошка, птица – носи јајца (дијал.) в. несе. ● се ~ 1. Живее, се држи, постапува на определен начин. Тој сметаше дека секој може да се носи по свој ќеф. Во мојата куќа секој ќе се носи како што се носи нашиот народ и како што рекол Господ. Вие сте наша вера и ќе се носите како што бараат нашите закони. Одеа право, се носеа убаво со сите. 2. Се облекува според поводот, според модата. Во црква се носела многу поскромно. Сега се носат покуси фустани. Имаше големи обетки како што се носеле некогаш. 3. За глас, песна – се слуша, одекнува. Од градот се носеше замрена врева. Беше време кога само пискотници се носеа по селата. Се носи ѕвонлива смеа на насобраната младеж. 4. За мирис и сл. – се шири. Во собата се носеше остра миризба на дуњи. Во дворот се носеше миризба на липов цвет. Мирис на тутун се носеше во бранови. Низ градот се носеше реа на чад, бензин и ѓубре. ◊ Може в уста да го носи – од него е многу подобар, поспособен. На душа го (ме, те итн.) носи – му направил голема неправда. На раце го (ме, те итн.) носи – многу се грижи, сè му угодува. Се носи со мисла – има намера, планира нешто. Може (некому) само вода да му носи – многу е подобар од лицето за кое се зборува. ‖ глаг. им. носење ср.