нов

Придавка

Значење на нов:

1. Што е скоро направен, штотуку пронајден, што не е или е малку употребуван. Нова облека. Нова кола. Нова куќа. Нова сорта пченица. Нова болест. Нова песна. Ново оружје.

2. Што дошол да замени некого или нешто. Нов раководител. Нова влада. Нова генерација.

3. Што следува по тоа што му претходело. Нови услови. Ново искуство. Нова задача.

4. Современ, што се поврзува со сегашноста. Нова литература. Нова наука. Нова историја.

5. Како им. – нешто што се случило. Што има ново? Таа се плашеше од новото.

Членувана форма: новиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нова година – денот 1 јануари како празник. Нов(иот) свет – Америка.

Оригинални податоци:

нов, новиот прид. 1. Што е скоро направен, штотуку пронајден, што не е или е малку употребуван. Нова облека. Нова кола. Нова куќа. Нова сорта пченица. Нова болест. Нова песна. Ново оружје. 2. Што дошол да замени некого или нешто. Нов раководител. Нова влада. Нова генерација. 3. Што следува по тоа што му претходело. Нови услови. Ново искуство. Нова задача. 4. Современ, што се поврзува со сегашноста. Нова литература. Нова наука. Нова историја. 5. Како им. – нешто што се случило. Што има ново? Таа се плашеше од новото. ◊ Нова година – денот 1 јануари како празник. Нов(иот) свет – Америка.