нож
Значење на нож:
1. Рачно орудие за сечење со сечило и рачка. Кујнски нож. Месарски нож. Калемарски нож.
2. Дел од машина кој има сечило и служи за сечење. Нож на машина за косење.
Множина: ножа, ножеви.
Алтернативно: ножови
Фразеолошки израз / поговорка:
Дошол нож до коска – се најде во крајно тешка, безизлезна положба. Стави нож под грло некому – доведе некого во безизлезна положба. Сè стави (кладе) под нож – со сите расчисти. Со него (со некого) е на нож – со некого е во многу лоши односи.
Оригинални податоци:
нож, мн. ножеви и ножови, избр. мн. ножа м. 1. Рачно орудие за сечење со сечило и рачка. Кујнски нож. Месарски нож. Калемарски нож. 2. Дел од машина кој има сечило и служи за сечење. Нож на машина за косење. ◊ Дошол нож до коска – се најде во крајно тешка, безизлезна положба. Стави нож под грло некому – доведе некого во безизлезна положба. Сè стави (кладе) под нож – со сите расчисти. Со него (со некого) е на нож – со некого е во многу лоши односи.