нурка (се)
Значење на нурка (се):
1. Плива под површината на водата. Многу капачи се нуркаа во чистата вода. Нуркаше во водата долго и пак излегуваше. Неколку птици се нуркаа барајќи храна.
2. (прен.) Скита, талка. Како избркани од дома, се нуркавме во пеколниот метеж на улиците.
3. (прен.) Се мота, се пика. Почнаа да нуркаат по дуќаните.
4. (прен.) Оди несигурно, се порева. Старецот нуркаше лево-десно, се прикрепуваше на ѕидот, барајќи место да седне.
Коњугација: (се) нуркаат.
Изведени зборови:
- нуркање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
нурка (се), (се) нуркаат несв. 1. Плива под површината на водата. Многу капачи се нуркаа во чистата вода. Нуркаше во водата долго и пак излегуваше. Неколку птици се нуркаа барајќи храна. 2. (прен.) Скита, талка. Како избркани од дома, се нуркавме во пеколниот метеж на улиците. 3. (прен.) Се мота, се пика. Почнаа да нуркаат по дуќаните. 4. (прен.) Оди несигурно, се порева. Старецот нуркаше лево-десно, се прикрепуваше на ѕидот, барајќи место да седне. ‖ глаг. им. нуркање ср.