обедини

Глагол, свршен

Значење на обедини:

1. Соедини, спои одделни единици (работи, сектори итн.) во една целина и под едно раководство. Синдикатот треба да ја обедини работата на сите организации на теренот.

2. Создаде единство, здружи, поврзе во некаква целина. Заедничките интереси ги обединија работниците. Тие ги обединија своите сили во борбата против непријателот. Тој знае како да ги обедини зборовите и делата.

Коњугација: обединат.

Изведени зборови:

  • обединување, глаг. им. ср.
  • се ~ обедини, 1. Влезе во сојуз, стане една целина. По завршувањето на војната, двете држави се обединија во една. 2. Се здружи, се сплоти. Пред изборите, тие две партии се обединија во коалиција. Двата одреда се обединија во еден.
  • (се) обединува, глаг. несв. (се) обединуваат

Оригинални податоци:

обедини, обединат св. 1. Соедини, спои одделни единици (работи, сектори итн.) во една целина и под едно раководство. Синдикатот треба да ја обедини работата на сите организации на теренот. 2. Создаде единство, здружи, поврзе во некаква целина. Заедничките интереси ги обединија работниците. Тие ги обединија своите сили во борбата против непријателот. Тој знае како да ги обедини зборовите и делата. ● се ~ 1. Влезе во сојуз, стане една целина. По завршувањето на војната, двете држави се обединија во една. 2. Се здружи, се сплоти. Пред изборите, тие две партии се обединија во коалиција. Двата одреда се обединија во еден. ǁ (се) обединува, (се) обединуваат несв. ǁ глаг. им. обединување ср.