обели

Глагол, свршен

Значење на обели:

1. а) Направи да биде бело, побело отколку што било претходно. Невестата го обели платното на езерото. Овој детергент ги обели пожолтените чаршафи. б) Стане бел. Планините обелеле од снег.

2. Вароса, премачка со нешто бело. Тие ја обелија целата куќа.

3. Излупи, симне кора од нешто. Дедо ми ги обели сите прачки за плетење кошници.

4. За коса – стане бела, побели. Нему му обеле косата многу рано.

5. За боја – стане бледа, изгуби сјај, интензитет (од сонце, од долго носење и сл.). Од долгото сушење на сонце, блузата обеле.

Коњугација: (го) обелив , (го) обелија , (го) обелил , обелат , обелеа , обелев , обелел , обелен, обелете , обели .

Изведени зборови:

  • обелува, глаг. повт. обелуваат
  • обелување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ни заб не обели – ни збор не проговори. Обели образ – сп. образ.

Оригинални податоци:

обели, обелат; обели, обелете; обелев, обелеа; обелел; (го) обелив, (го) обелија; (го) обелил; обелен св. 1. а) Направи да биде бело, побело отколку што било претходно. Невестата го обели платното на езерото. Овој детергент ги обели пожолтените чаршафи. б) Стане бел. Планините обелеле од снег. 2. Вароса, премачка со нешто бело. Тие ја обелија целата куќа. 3. Излупи, симне кора од нешто. Дедо ми ги обели сите прачки за плетење кошници. 4. За коса – стане бела, побели. Нему му обеле косата многу рано. 5. За боја – стане бледа, изгуби сјај, интензитет (од сонце, од долго носење и сл.). Од долгото сушење на сонце, блузата обеле. ◊ Ни заб не обели – ни збор не проговори. Обели образ – сп. образ. ǁ обелува, обелуваат повт. ǁ глаг. им. обелување ср.