обем

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на обем:

1. Во геометријата – должина на линијата што ограничува геометриска фигура. Обем на круг. Обем на триаголник.

2. (физ.) Простор зафатен од едно тело, зафатнина, волумен.

3. (прен.) Големина, размер; количество. Пратката има мал обем. Значаен труд и по обем и по квалитет. Обем на работа. Поголем обем на производство.

Оригинални податоци:

обем (само едн.) м. 1. Во геометријата – должина на линијата што ограничува геометриска фигура. Обем на круг. Обем на триаголник. 2. (физ.) Простор зафатен од едно тело, зафатнина, волумен. 3. (прен.) Големина, размер; количество. Пратката има мал обем. Значаен труд и по обем и по квалитет. Обем на работа. Поголем обем на производство.